Sayed Khodaberdi Sadat
30 Септември 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти киднапираа осум набљудувачи на изборите во областа Шинвари, во авганистанската покраина Перван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вахиде Шехкар, портпаролка на гувернерството на Перван, во изјава за медиумите рече дека 8-те набљудувачи пред два дена биле киднапирани од страна на милитантите, враќајќи се дома по завршувањето на изборите.
Шехкар, истакнувајќи дека започнале со активностите за ослободување на набљудувачите, додаде дека во подрачјето за посредување испратени се водачите на групите.
Талибанците сѐ уште не дадоа никаква изјава во врска со настанот.
Претседателските избори во Авганистан се одржаа на 28 септември.