Ayşe Aktaş
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
КАТМАНДУ (АА) - Најмалку 80 лица загинаа во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од обилните врнежи од дожд, кои од петокот го зафатија Непал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинска агенција „Kyodo“ (Кјодо), портпаролот на полицијата, Пушкар Карки изјави дека во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од монсунските дождови, во 27 региони целосно се уништени 2.847 куќи, а 48.318 се под вода.
Според информациите што тој ги изнесе, се трага по уште најмалку 36 лица, а 25 се повредени.
Карки изјави дека поради дождот што и понатаму врне, раселени се 21.000 лица. Тој додаде дека веќе два дена нема снабдување со електрична енергија во источните делови на земјата.
Во акциите за спасување учествуваат војската и полицијата, а војниците настојуваат да достават и помош до загрозените.
Во туристичкиот град Саураха, во јужниот дел на земјата, се користат слонови за да се префрлат на безбедно околу 600 туристи.
Монсунските дождови во Непал траат од јуни до септември. Во свлечиштата и во поплавите во јули минатата година загинаа 75 лица.