Ali H. M.Abo Rezeg
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади денес разговараше со курдската делегација во врска со планираниот референдум за отцепување на северниот ирачко-курдски регион, јавува Anadolu Agency (AA).
На септемврискиот референдум, кој ќе се смета за необврзувачки, жителите од регионот ќе гласаат за тоа дали да се прогласи или да не се прогласи независност од централната ирачка Влада во Багдад.
Багдад, пак, ја одби планираната анкета, велејќи дека тоа би можело негативно да влијае на тековната борба на регионот против терористичката група ДЕАШ.
Ирачката Влада, исто така, тврди дека со гласањето ќе се прекрши уставот на Ирак од 2005 година и тоа нема да биде од никаква корист, политичка или економска, за Курдите во регионот.
Во изјавата од службата за медиуми на Ал-Абади се вели дека ирачкиот премиер повикал на решавање на отворените прашања преку дијалог.
„На состанокот беа направени заеднички напори од страна на Федералната влада и Курдската регионална управа во борбата против ДЕАШ“, се вели во соопштението.
„На состанокот се одржа искрен и длабок дијалог за активирање на механизмите за решавање на проблемите во позитивна атмосфера“, додаде тој.
И покрај постојаните состаноци, Багдад и Курдската регионална управа во северен Ирак не успеаја да решат неколку отворени прашања, како на пример за спорните области богати со нафта и платите на курдските сили пешмерга.
Членот на курдската делегација Саади Бирах, во меѓувреме рече дека ирачкиот премиер бил флексибилен за време на состанокот.
Тој истакна дека населението од Курдската регионална управа на северен Ирак постигнале заклучок за потребата да се одржи референдум за независност од Ирак.
Бирах рече дека курдската делегација за време на состанокот изразила загриженост во врска со иднината на Ирак.
Турција го отфрла планираниот референдум, инсистирајќи на тоа дека стабилноста на регионот е неразделно поврзана со одржувањето на територијалниот интегритет на Ирак.
САД, пак, исто така, изразија загриженост дека референдумот може да послужи како оттргнување на вниманието од другите регионални прашања што притискаат – особено борбата против тероризмот и политичката стабилизација на Ирак.