Adam Abu Bashal
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
АБУЏА (АА) - Нигериската армија започна антитерористичка операција во шумскиот појас Самбиса, познат како упориште на терористичката организација Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Самбиса е шумски подрачје во провинцијата Борно која се наоѓа во североисточниот дел на Нигерија. Таа е дел од големиот национален парк „Басен на Чад“, а покрај богатата флора и фауна, таа е исто така позната како едно од главните упоришта на терористичката организација Боко Харам.
Портпаролот на нигериската армија, полковник Онјеама Начукву, изјави дека во првата операција биле убиени најмалку седум лица, а три се повредени.
Од неколку скривалишта запленети се големи количини оружје и муниција.
Боко Харам е терористичка организација основана во Нигерија од екстремистот Мухамед Јусуф во раните 2000-ти години, заради борба против сите видови на западната култура, особено во образовниот систем на Нигерија.
Под неразјаснети околности, Јусуф почина во затвор во 2009 година, а Боко Харам поради тоа ги интензивираше терористичките активности и стана глобална терористичка закана. Во моментов делува во Нигерија, Камерун, Бенин, Чад и во Нигер.