Ekipa
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
МИНЕАПОЛИС (АА) - Силна бура пропратена со снег, дожд, град и силни ветрови го зафати централниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), при што загинаа најмалку три лица, вклучувајќи и едно двегодишно девојче, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради невремето беа откажани повеќе од 400 летови на Меѓународниот аеродром во Минеаполис, во американската држава Минесота, каде што вчера беа измерени околу 33 сантиметри снег.
Снежни врнежи беа причина да се откажат и неколку фудбалски натпревари.
Американските власти затворија неколку патишта во југозападна Минесота поради тешките услови на патот.
Поради лошите временски услови, аеродромот во Су Фолс во Јужна Дакота, затворен е веќе втор ден. Во таа сојузна држава се забележани ветрови до 80 километри на час.
Според прогнозите на Националната метеоролошка служба, бура денес ќе се задржи во Минесота, Висконсин и Мичиген, по што ќе ја зафати државата Њујорк. Метеоролозите предвидуваат дека во текот на денешниот ден снежната покривка во јужните делови на Минесота ќе изнесува околу 50 сантиметри.