Aldıjana Hadzıc
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Во Вашингтон, главниот град на Соединетите Американски Држави (САД) беше организирана поворка по повод Националниот фестивал на цветот на црешата, јавува Anadolu Agency (AA).
Присутните можеа да ги видат и балоните што ги претставуваат ликовите од анимираните филмови, кои ги носеа учесниците во поворката.
Беше организирана и прошетка во која учествуваа претставници на невладини организации и ученици, а за добрата забава беа задолжени различни оркестри.
Во Вашингтон секоја година, во месец март и април, се организира Националниот фестивал на цветот на црешата.
Фестивалот се одржува од 1935 година, кога започна како низа настани со цел обединување на луѓето во најубавиот период од годината, што несомнено придонесува и цветањето на црешата.
На фестивалот секоја година е одреден и простор што ја претставува културата на Јапонија, земјата од која оваа цреша пристигна во САД.
Јапонската цреша (Prunus serrulata) во Јапонија е национален симбол на земјата, тоа е цветно дрво кое го привлекува вниманието на луѓето со својата крошна и цветот во форма облаци.
Во 1910 година, Јапонија ги интензивираше дипломатските односи со САД, а во 1912 година Токио се збратими со Вашингтон.
Тогаш Јапонците во знак на добра волја и пријателство, на Американците им подарија неколку стебла цреши, кои потоа беа засадени во паркот во близина на езерото Тидал во Вашингтон.
Со текот на времето, стеблото на цреша ги „освојуваше“ и другите делови од градот, а од 1930 година се смета за едно од нејзините главни симболи.