Sefa Mutlu
25 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со Фуркан Јарен, еден од капетаниот на товарниот брод кој го нападнаа пирати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при кабинетот на турскиот претседател соопштено е дека претседателот Ердоган, кој внимателно ги следел сите случувања кога е во прашање овој случај, добил информации за здравствената состојба на тројцата преживеани од бродот усидрен во Габон.
Турскиот претседател им посака брзо оздравување. Ердоган наведе дека напорите за спасување на киднапираниот персонал интензивно продолжуваат.
Министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција Адил Караисмаилоглу потврди претходно денеска дека товарниот брод нападнат од страна на пиратите пред Гвинејскиот залив, пристигна на пристаниште во Габон.