Gökhan Kavak
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
АБУЏА (АА) - Дванаесет лица загинаа во бродолом што се случи во сојузната нигериска држава Лагос, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорката на Канцеларијата за водни патишта во Лагос (ЛАСВА), Абисола Камсон, изјави дека бродот кој од 20 август испловил од нелегалното пристаниште во Илаше, превезувал товар поголем од дозволенoто.
Спасувачките екипи успеаја да спасат четири лица, но пронајдоа 12 тела.
Портпаролот на Агенцијата за вонредни ситуации (НЕМА), Ибрахим Фаринло, за АА изјави дека не е познато колку патници имало на бродот. Тој додаде дека ниеден патник не користел елек за спасување.
Започната е истрага за несреќата.