Adam Abu-bashal
26 Април 2021•Ажурирај: 27 Април 2021
АБУЏА
Во сообраќајна несреќа меѓу камионет и патнички автобус, што се случи во нигериската држава Квара, животот го загубија 11 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Џонатан Овоаде, координаторот на Националната организација за безбедност на патиштата за државата Баучи, изјави дека сообраќајната несреќа меѓу камионет и автобус се случила на автопатот Шхао - Мото.
Овоаде информираше дека во несреќата животот го загубиле 11 лица, а има и голем број повредени лица.
Соопштувајќи дека повредените се пренесени во локалните болници, Овоаде рече дека дел од повредените се во критична состојба и изрази загриженост поради можноста за зголемување на бројот на смртни случаи предизвикани од сообраќајната несреќа.
Координаторот Овоаде посочи дека е можно прекумерната брзина да е причина за несреќата и ги предупреди возачите да бидат повнимателни.