Ekipa
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
МАЈДУГУРИ (АА) - Двајца бомбаши-самоубијци се одговорни за двојната експлозија што утрово се случи на универзитетот „Мајдугури“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во нападите загинаа четири лица, меѓу кои и еден универзитетски професор по ветеринарна медицина, студент и двајцата напаѓачи. Покрај нив, 17 лица се повредени и пренесени во локалната болница.
Ова е еден од најголемите универзитети во Мајдугури.
Експлозиите се слушале околу 5.00 часот по локално време, кога муслиманските верници во комплексот на Универзитетот ја вршеле утринската молитва.
Иако сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, полицијата на Нигерија смета дека станува збор за милитанти од терористичката организација Боко Харам, кои од 2014 година ги засилија своите бомбашки напади во Мајдугури.
Ова е првпат на Универзитетот „Мајдугури“ да се случи ваков инцидент во 43-годишната историја од постоењето на институцијата.