Adam Abu-bashal
22 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
АБУЏА
Во западноафриканската земја Нигерија повеќе од 26,5 милиони деца имаат потешкотии до пристапот до соодветна чиста вода, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Питер Хоукинс, претставник на Нигерија во Фондот за деца на Обединетите нации, во изјавата дадена по повод Светскиот ден на водата рече дека заедниците што живеат во овој регион се зависни од површинските води.
Тој, исто така, наведе дека повеќе од 26,5 милиони деца во земјата немаат доволно вода за да ги задоволат своите дневни потреби.
Подвлекувајќи дека оваа состојба е алармантна, Хоукинс рече: „Децата се најголемите жртви на оваа криза. Кога бунарите за вода се сушат, децата не можат да одат на училиште за да носат вода.“
Меѓу другото, истакнувајќи дека одржливиот и правичен пристап до чиста вода за пиење останува проблем во Нигерија, Хоукинс рече дека повеќе од 86 проценти од граѓаните немаат пристап до безбедно управуван извор на вода за пиење.
Нагласувајќи дека УНИЦЕФ и Владата на Нигерија спроведуваат различни студии за решавање на проблемот со недостиг на вода во земјата, Хоукинс истакна дека треба да се работи повеќе за да се обезбеди Нигеријците да имаат пристап до доволно количество чиста вода.