Gökhan Kavak
22 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
АБУЏА (AA) - Спасени се четириесет и осум девојчињата кои беа киднапирани од страна на терористичката организација Боко Харам при напад на едно училиште, јавува Anadolu Agency (AA)
Гувернерот на северниот дел од државата Јобе, Ибрахим Геидам, истакна дека спасени се 48 од девојчињата киднапирани за време на нападот на Боко Харам во едно училиште.
Според Геидам, спасени се 48 од 94 ученички, кои беа киднапирани од припадниците на организацијата Боко Харам, во областа Џили-Муварти, на границата меѓу нигериските држави Јобе и Борно.
Спасените девојчињата ќе бидат под надзор на единиците на војската и ќе им бидат предадени на нивните семејства по лекарскиот преглед.
Припадниците на организацијата Боко Харам претходно соопштија дека киднапирале 94 ученици од училиште во кое учат вкупно 704 ученици.
Оваа терористичка организација своите активности ги започна во првите години по 2000, а од 2009 година започна да спроведува акции на масовно насилство, откако нивниот лидер Мухамед Јусуф почина во притвор. Поради судирите и нападите на терористичката организација, стотици илјади лица се принудени да мигрираат.