Fuat Kabakcı
19 Февруари 2021•Ажурирај: 20 Февруари 2021
АНКАРА
Средноафриканската држава Никарагва отвори Министерство за вселенски истражувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На гласањето во Парламентот на Никарагва, 76 пратеници гласаа „за", додека 15 пратеници гласаа „против" отворањето на ова министерство.
Исто така, ова министерство за кое станува збор, ќе биде под контрола на војската поради тоа што оваа земја сеуште нема вселенска програма.
Полното име на ова министерство е Национално министерство за вонземски вселенски работи, Месечината и други небесни тела.
Се вели дека со новото министерство постои цел да се поттикнува развивањето на вселенските активности со цел зголемување на капацитетите во различно области во земјата, како образованието, индустријата, науката и технологијата.