Sümeyye Dilara Dinçer
02 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
АНКАРА
Фејсбук соопшти дека затворил над 930 профили поврзани со владата на централноамериканската земја Никарагва, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од оваа компанија нагласија дека затворени се 937 профили за кои се вели дека се поврзани со партијата Сандинистички фронт за национално ослободување под водство на Даниел Ортега.
Во соопштението на Фејсбук се наведува дека причина за затворање на овие профили е „манипулирање или погрешно ориентирање на народот од страна на лажни профили“.
Исто така, се истакнува дека затворени се уште 140 лажни Фејсбук страници, 24 група и 363 профили на Инстаграм поради прекршување на политиката против „координирано недолично однесување во име на странска или владина агенција“.