Mohamad Misto
02 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ДЕРА (АА) - Илјадници жители од западниот дел на јужниот сириски град Дера ги напуштија своите домови поради судирите помеѓу сириските опозициони сили и терористите на ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици семејства од помалите места Цил и Хејт, кои се под контрола на терористите на ДАЕШ, пребегаа во местото Вади Зејтун, кое се наоѓа надвор од окупираниот обрач.
Претседателот на Регионалниот центар за цивилна заштита, Изет ел-Букарјат, рече дека скоро две илјади семејства ги напуштиле Цил и Хејт, а голем дел од населението сè уште се наоѓа во окупираниот дел на Дера.
„Бегалците пешачат по пет километри до слободната територија, а потоа се згрижуваат во училиштата и камповите во Зејтун и Тел Сихаб”, рече ел-Букарјат, додавајќи дека се трудат на бегалците да им ги обезбедат потребните услови за живот.
Инаку, терористите на ДАЕШ, пред две недели, ја презедоа контролата над местото Цил, западно од Дера. Во овој дел од градот продолжуват судирите помеѓу ДАЕШ и опозиционите сили, а целта на ДАЕШ е да се прекине патната комуникација која води кон центарот на градот.