Ömer Faruk Yıldız
15 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
КОЛОМБО (АА) - Антиисламските групи запалија фабрика која ја водат муслимани, а која е сместена во северниот дел на градот Коломбо, во Шри Ланка, пренесува Anadolu Agency (AA).
На материјалот споделен во вестите на „Би-би-си“ (BBC) може да се види уништената внатрешност на фабриката.
Од друга страна, Малколм Ранџит, надбискупот на Коломбо, ги осуди нападите врз муслиманите кои зачестија по терористичките напади на 21 април и ги повика сите етнички и верски групи на заедништво.
Кардиналот Ранџит смета дека е неопходно што поскоро да сопрат нападите над муслиманите.
„Немојте да се плашите пред овие злонамерни напади и бидете стрпливи“, рече тој, обраќајќи им се на муслиманите.
Смета дека сите заедно треба да ја изградат Шри Ланка во која припадниците на сите нации и религии ќе живеат во соживот.
Тој се осврна и на нападите врз џамиите и продавниците во сопственост на муслимани.
„Гледаме дека поединечни групи напаѓаат продавници и храмови, сакаме тоа да не го прават. Знаеме дека овие групи имаат политичка поврзаност“, рече тој.
Во серијата напади во Шри Ланка изведени на 21 април загинаа најмалку 253 лица.