Mesut Zeyrek
19 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
КЕЛН (АА) - Молотов коктел е фрлен врз џамија во градот Улм, во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 3 часот по полноќ извршен е напад со молотов коктел врз џамија, која е дел од Исламското општество „Национално мислење“. Нападот предизвика пожар, кој е згаснат пред тој да се прошири.
Неидентификувани лица, кои го изведоа нападот, ѝ нанесоа оштетувања на џамијата. По случката, во околината на џамијата, пронајдени се молотови коктели кои не биле искористени во нападот.
Поранешниот претседател на Здружението надлежно за џамијата, Иса Бајкуш, изјави дека населението кое живее во околината на џамијата, повикало полиција и противпожарна служба, по што пожарот е ставен под контрола, спречувајќи поголема несреќа.
„По настанот, полицијата започна истрага. Сакаме официјалните лица што поскоро да ги откријат извршителите и да бидат казнети за стореното“, рече Бајкуш.
- Од почетокот на годината, досега, изведени се 27 напади врз џамии -
Директорот на одделот за односи со странство на Турско-исламската унија за верски прашања (DITIB), Зекерија Алтуг, минатата недела соопшти дека од почетокот на оваа година, досега, во Германија се изведени 27 напади врз џамии, а во 2017 година во оваа земја имало вкупно 100 напади.