Muhammed Bilal Kenasari
06 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, по вчерашниот напад во коптската црква во Тексас, испрати порака на поддршка преку социјалната мрежа „Twittter“ (Твитер), пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп, во текот на својата посета на Јапонија, се огласи по повод оружениот напад што се случи во сојузната држава Тексас.
„Нема зборови со кои можеме да ја опишеме нашата болка и нашите чувства. Не можеме ни да ја замислиме болката на луѓето чии блиски настрадаа во нападот. Нашите срца се скршени“, напиша Трамп.
Тој повика и на заедништво, кое, според Трамп, е она што Американците го прават најдобро во тешки времиња.
„Ќе се држиме за раце и во нашата тага ќе стоиме силни“, рече Трамп, кој додаде дека им пружа целосна поддршка на сојузните и на локалните власти во истрагата.
Тој порача дека цела Америка се моли за ранетите и нивните семејства, и дека нема да ги напушти.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до полицијата, објавија дека нападот врз црквата во Сатерленд Спрингс, во кој загинаа 26 лица, го извел Девин Патрик Кели, 26-годишен белец.
Во нападот се ранети најмалку 20 лица.