Ruslan Rehimov
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Новинарите кои во Агенција Анадолија (АА) ја завршија обуката за воени дописници, денес, благодарение на стекнатото знаење, на побезбеден начин ги продолжуваат своите должности во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тежината на судирите, нападите на ерменската Армија со тешко оружје врз цивилните населби, како и тоа дека до денес голем број новинари надминаа некои опасности, покажува колку е значајна обуката за воени дописници.
Фоторепортерите на АА - Адрис Окудучу, Локман Аккаја, Онур Чобан и Ресул Рехимов - кои успешно ја завршија Програмата за сертифицирани воени дописници, организирана од Академијата за вести на Агенција Анадолија (АА) и Полициската академија, сега работат во регионите каде што има конфликти.
Тие со снимките и фотографиите од нападите на ерменската Армија врз цивилите и од операцијата што ја започна азербејџанската Армија за ослободување на азербејџанските територии го информираат целиот свет.

И покрај тоа што неколкупати избегнаа одредени опасности, успешно ги продолжуваат своите обврски со примена на знаењето што го стекнаа во Програмата за воени репортери.
- Важноста на обуката на АА за воено дописништво -
Рехимов, кој работи како снимател во канцеларијата на АА во Баку, учествувајќи во една телевизиска програма емитувана во Азербејџан, ја објасни важноста на обуката за воен дописник на АА.
Истакнувајќи дека од професионални полицајци и војници биле обучени како да се однесуваат во случај да бидат киднапирани, земени како заложници, да воспостават позиции на контролните точки и за лично обезбедување, Рехимов рече дека обучени се и за тоа како да постапат кога ќе слушнат бомби и пукање од огнено оружје.
Рехимов нагласи дека на обуката биле информирани и за експлозиви и мини во опасни подрачја и дека информациите со кои се здобиле, многу им помогнале во регионот на конфликтите.
Наведувајќи дека во рамките на обуката исто така се здобиле со обука за управување со возило во опасни региони, Рехимов рече дека тој стекнатите знаење ги користел кога напуштал некој регион кој се наоѓал под постојан оган.
Снимателот Рехимов, истакнувајќи дека најважното прашање е безбедноста на животот, рече дека на Програмата за сертификати за воени дописници научил и како да даде прва помош.