Derya Gülnaz Özcan
08 Април 2025•Ажурирај: 09 Април 2025
Сите претставници на печатот во Грција стапија во 24-часовен штрајк на повик на Синдикатот на новинарите (ЕШЕА), известува Анадолу.
Во рамките на штрајкот што го започнаа новинарите со барање за обновување на колективните договори за работа и подобри економски услови, протокот на вести во земјата е прекинат на еден ден.
Во заедничката изјава новинарите ги искажаа своите барања за почеток на преговори за обновување на колективните договори за работа, минималната почетна плата во печатот да биде 1.250 евра, минимално зголемување на платите за 10 отсто, зголемување на надоместоците за работни задачи надвор од градот, дополнителни 250 евра дневно што се исплаќаат за вести при елементарни непогоди.
Дневните вести на радио и телевизиските канали се откажани, а информативните веб-страници го запреа ажурирањето на вестите.
Поради штрајкот утре во земјата нема да излегуваат весници.
Штрајкот, кој започна во 05:00 часот по локално време, ќе заврши утре во 05:00 часот.