Atila Altuntaş
19 Март 2022•Ажурирај: 20 Март 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Сите четворица членови на екипажот од воениот авион на НАТО загинаа по урнувањето за време на вежба во северна Норвешка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Авион на НАТО со четворица членови на екипажот се урна за време на НАТО-вежбата „Студен одговор 2022“, јави претходно норвешката државна телевизија НРК.
Портпаролот на полициската управа во Нордланд, Ивар Бо Нилсон, потврди дека остатоците од авионот се пронајдени, и дека ниту еден од четворицата членови на екипажот не преживеал. Сите четворица членови на екипажот биле американски државјани.
Причините за падот на авионот, што им припаѓаше на Соединетите Американски Држави (САД), сè уште не се познати.