Ahmet Dursun
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
АНКАРА (АА) - Две банки во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), наводно, одобриле финансиски трансакции со Иран и покрај американските банкарски санкции, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за Иранската работничка новинска агенција (ILNA), генералниот секретар на Сојузот на менувачници на Иран, Шахап Курбани, рече дека Иран и ОАЕ, и покрај санкциите, ја развиваат банкарската соработка.
„Две банки во Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се подготвени за финансиска соработка со Иран. Започнати се преговори за ова прашање, но трансакциите сè уште не се оперативни“, нагласи Курбани.
Курбани, истакнувајќи дека Иран ги реализира банкарските трансакции преку Оман, рече дека валутата на Оман не е поддржана на меѓународните пазари и затоа преферираат да соработуваат со банки од ОАЕ, и покрај тоа што се поскапи.
Курбани не ги соопшти имињата на банките.
Во медиумите често има информации дека администрацијата на ОАЕ, која за регионалните прашања заедно со Саудиска Арабија е против Иран, во последно време почнала да се доближува до Иран.
Финансиските трансакции на Техеран со меѓународните банки се ограничени како резултат на едностраните банкарски санкции на САД кон Иран.