Davut Çolak
31 Јули 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) - Данска се обрати до високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (ОН) за прифаќање азиланти од квотата на ОН, пренесува Anadolu Agency (AA).
Малцинската Влада на Социјалдемократската партија, поддржана од левиот блок, соопшти дека Данска е подготвена да прифати баратели на азил во рамките на квотата на ОН.
Министерот за имиграција и интеграција, Матјас Тесфаје, во изјава за медиумите рече дека Данска во текот на оваа година е подготвена да прифаќа азиланти и тоа го пријавила до високиот комесар на Обединетите нации за бегалци.
Тесфаје, истакнувајќи дека не се знае колку азиланти ќе бидат прифатени оваа година, рече дека почнувајќи од идната година секоја година ќе прифаќаат по 500 азиланти.
- Новата Влада ги ублажи строгите закони -
На парламентарните избори, одржани на 5 јуни, во Данска победи левиот блок и беше формирана малцинска Влада на Социјалдемократската партија.
Социјалдемократите, кои власта ја презедоа од десничарските партии, го укинаа законот од претходната Влада, со кој се предвидува азилантите да се соберат на остров, и почнаа да ги ублажуваат строгите регулативи за странците.