Zehra Ulucak
31 Јули 2019•Ажурирај: 02 Август 2019
АНКАРА (АА) - Во поплавите предизвикани од обилните врнежи, кои го зафатија истокот и североистокот на Индија, загинаа најмалку 216 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица соопштија дека во поплавите во индиската сојузна држава Бихар смртно настрадале 130, а во Асам 86 лица.
Наведено е и дека со поплавите се зафатени 864 села, доека 30.925 лица се сместени во над 410 привремени кампови.
Официјалните претставници потврдија и дека е поплавен над 90 отсто од Националниот парк „Казиранга“ во Асам, во кој умреле над 200 животни.