İbrahim Khazen,Hamdi Yılmaz
10 Март 2023•Ажурирај: 12 Март 2023
АБУ ДАБИ (АА) - Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) објавија дека ќе испратат телекомуникациска опрема како хуманитарна поддршка за реконструкција на телекомуникациската инфраструктура на Туркије во областите погодени од земјотресот, пренесува Анадолу.
„'Etisalat by e& UAE' објави дека испраќа телекомуникациска опрема во вредност од 20 милиони дирхами (5,5 милиони долари) како хуманитарна поддршка за реконструкција на телекомуникациската инфраструктура на Туркије во областите погодени од земјотресот“, објави новинската агенција „Емирати“.
„Групата соопшти дека чекорот доаѓа како продолжување на претходната иницијатива започната од групата 'e&', која ја потврдува нејзината подготвеност да учествува во кампањата 'Галантен витез 2', иницирана од претседателот шеик Мохамед бин Зајед ал Нахјан за поддршка на луѓето погодени од земјотресот во Туркије и Сирија“, објави агенцијата.
Опремата вклучува „повеќе од 4.000 радио и дигитални единици за повторно активирање на оштетените мобилни телефонски мрежи и враќање на прекинатите услуги“.
Групацијата „Емирати Етисалат“ во февруари најави бесплатни повици од нејзината мрежа на ОАЕ до Сирија и Туркије во период од една недела, како дел од нејзината хуманитарна поддршка за луѓето во двете земји погодени од неодамнешниот земјотрес.
ОАЕ испратија вкупно 5.848 тони помош за Туркије и Сирија со 209 товарни авиони како дел од операцијата „Галантен витез 2“, а околу 4.000 лица се лекувани во нивната теренска болница во Газиантеп, соопшти вчера Министерството за одбрана на ОАЕ.
По директива на претседателот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, операцијата „Галантен витез 2“ беше започната на 7 февруари за поддршка на погодените од земјотресите во Туркије и Сирија.