Ekip,Umur Koçak Semiz
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
БАНГКОК (АА) - Претседателот на САД, Барак Обама, престојува во тридневна официјална посета на Виетнам од каде што соопшти дека Соеднинетите Американски Држави го укинуваат ембаргото за оружје на Виетнам, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска беше организирана Свечена церемонија во Претседателската палата за претседателот на САД Обама, кој во неделата вечер пристигна во главниот град Ханоj во тридневна официјална посета
Претседателот Обама на средбата со претседателот на Виетнам, Чан Даи Куанг, на Виетнам му го честиташе „извонредниот напредок“ постигнат во последните години.
Претседателот Обама изјави дека очекува отстранувањето на ембаргото за оружје кое го има Виетнам од војната со САД да допринесе за натамошно зајакнување на билатералните односи.
Покрај посетата на Ханој, се очекува Обама дел од разговорите да ги изврши и во градот Хо Ши Мин (поранешен Сајгон) на тема Договор за транс-пацифичка соработка (TPPA).
Амбасадорот на Виетнам во Вашингтон, Фам Куанг Вин истакна дека посетата на претседателот на САД на Виетнам ќе ги развие односите меѓу двете земји.
Вин додаде дека периодот на нормализација на американско-виетнамските односи се развија до точка што тие станаа стратешки партнери.
Раководството на Обама во 2013 година потпиша договор за стратешка соработка со Виетнам, а во 2015 година беше потпишан договор на САД и Виетнам за заедничка визија. Ембаргото беше делумно отстрането во 2014 година. Виетнам посака ова ембарго целосно да се отстрани, бидејќи не е во согласност со барањата на Кина за дел од Јужното Кинеско Море.
Барак Обама е трет претседател на САД кој по новото воспоставување на односите меѓу двете земји престојува во посета на Виетнам. Бил Клинтон го посети Виетнам во 2000 година, додека втората посета ја имаше Џорџ Буш во 2006 година.
Во Американско-виетнамската војна која траеше од 1965 до 1973 година, животот го загубија 58.000 американски војници.
Трговската размена меѓу двете земји изнесува околу 45 милијарди долари.
Претседателот Обама по завршувањето на средбите во Виетнам се очекува да замине за Јапонија во посета на Хирошима, местото каде САД за време на Втората светска војна фрлија нуклеарна бомба.