Khalilur Rahman Salahshoor,Ahmet Dursun
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Заменик-претседателот на иранската Институција за борба против наркотици, Еседула Хадинејџад, соопшти дека 30 отсто од наркотичните средства произведени во Авганистан се внесуваат во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на Координативниот совет на Институцијата за борба против наркотици во иранската покраина Западен Азербејџан, Хадинеџад, на состанокот на овој совет, дискутираше околу износот на наркотиците внесени од Авганистан во неговата земја, и истакна дека шверцерите, наркотиците произведени во Авганистан ги внесуваат на териториите на Иран, а потоа од границите на иранската покраина Западен Азербејџан ги транспортираат во странство.
„Само 30 отсто од наркотичните средства произведени во Авганистан поминуваат низ границата на Иран“, додаде тој.
Хадинеџад нагласи дека еден од приоритетите на Координативниот совет на Институцијата за борба против тероризмот е зголемување на безбедноста во граничните зони.