Emel Öz Gözellik
05 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
АНКАРА (АА) - Земјотрес ос интензитет од 5,1 степен по Рихтеровата скала ја потресе Гватемала, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки центар (USGS) соопшти дека епицентарот е забележан на 74 километри од Пуерто Сан Хозе, на длабочина од 35 километри.
Засега нема информации дали има човечки жртви или повредени во земјотресот. Во Гватемала во месец јуни се активираше вулканот Фуего, а од последиците предизвикани од ерупцијата на вулканот смртно настрадаа 147 лица.
Од вулканот беа засегнати животите на 1,7 милион лица.