Betül Yürük
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ЊУЈОРК
Меѓу Авганистанците кои дојдоа во САД од Авганистан, има околу 1.450 деца кои се доведени без нивните семејства, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Повеќе од 100.000 авганистански граѓани се евакуирани во САД откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август минатата година.
Според податоците на американското Министерство за здравство и човечки услуги, околу 1.450 деца пристигнале во оваа земја без своите семејства.
Официјални лица истакнаа дека некои од евакуираните деца живеат со спонзори и други роднини во САД, додека околу 250 деца се уште се под контрола на владата.
Сѐ уште нема информации за тоа дали иселените деца ќе можат повторно да се обединат со своите семејства.
Некои од децата одвоени се од семејствата за време на евакуациите кои се спроведоа во хаосот на аеродромот, а некои од децата ги загубија своите семејства во терористичкиот напад врз меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.