Çağrı Koşak
18 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
КУДС (АА) - Околу 280.000 муслимани во Палестина дојдоа во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) за во џамијата „Ал Акса“ да ја одбележат Лејлету-л-кадр , најизбраната ноќ во годината што, според исламското учење, е повредна од илјада месеци, пренесува Анадолу.
Повикувајќи се на податоци од Исламската управа за вакуфи во Ал-Кудс, палестинската новинска агенција ВАФА објави дека, и покрај пречките на Израел, околу 280.000 муслимани дошле да се молат во џамијата „Ал Акса“.
И покрај препреките на израелските сили, Палестинците и муслиманите од другите земји имаа ифтар во дворот на „Ал Акса“.
За муслиманите, „Ал Акса“ претставува трето најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма.
Комплексот „Ал Акса“, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Кудс, е под израелска окупација и претставува точка на средба на трите најголеми религии во светот.
Израел го окупираше Источен Кудс, каде што се наоѓа „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектираше целиот град во 1980 година, чин што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.