свет

ОН: 2024 година најсмртоносна во историјата за хуманитарните работници

Се зголемува бројот на убиени како последица на војната во Газа што трае повеќе од една година, при што повеќе од 320 хуманитарни лица се убиени од 7 октомври 2023 година

Beyza Binnur Dönmez  | 22.11.2024 - Обновена : 22.11.2024
ОН: 2024 година најсмртоносна во историјата за хуманитарните работници

ЖЕНЕВА (АА) - Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања (OCHA) денес соопшти дека 2024 година веќе станала „најсмртоносната година во историјата“ за хуманитарните работници, со тоа што досега низ светот животот го загубиле 281 хуманитарен работник, јавува Анадолу.

„Веќе го поминавме минатогодишниот рекорд за едно лице, а не сме ни надвор од 2024 година“, рече Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA), на брифингот на ОН во Женева.

Изразувајќи жалење поради „мрачната пресвртница“, Лерке рече дека меѓу хуманитарните работници кои биле убиени, 13 лица биле дел од меѓународен персонал и 268 од национален персонал.

Се зголемува бројот на убиени како последица на војната во Газа што трае повеќе од една година, при што повеќе од 320 хуманитарни лица се убиени од 7 октомври 2023 година.

Многумина беа убиени за време на должноста додека пружале хуманитарна помош, а повеќето беа членови на персоналот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци или УНРВА, според OCHA.

Лерке го цитираше Том Флечер, заменик-генерален секретар за хуманитарни прашања и координатор за итна помош, велејќи: „Државите и страните во конфликтот мора да ги заштитат хуманитарците, да го почитуваат меѓународното право и да ги гонат одговорните.“

Од Канцеларијата се наведува дека заканите за хуманитарните работници се шират надвор од Газа, „со високи нивоа на насилство, киднапирања, повреди, малтретирање и произволни притворања пријавени во Авганистан, Демократска Република Конго, Јужен Судан, Судан, Украина и Јемен“, меѓу другите хуманитарни жаришта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.