Bayram Altuğ
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) соопштија дека постои опасност од глад за 6,2 милиони луѓе поради големата суша, и дека меѓународната заедница треба да преземе итни мерки за решавање на кризата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничката изјава на Светската програма за храна (WFP) и на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) се вели дека големата суша што владее во државата ги донесе до точка на исцрпување изворите за опстанок.
Во соопштението се обрнува внимание на тоа дека земјоделството е речиси на ниво на изумирање и дека животните полека умираат, и се нагласува дека треба да се преземат мерки за да се спасат животите на Сомалијците.
Понатаму се вели дека постои закана од глад за 6,2 милиони жители на Сомалија, број што е еднаков на половината од населението на оваа земја, и се нагласува дека само со масовна и итна хуманитарна кампања може да се спречи некоја нова катастрофа во земјата.
Исто така, во соопштението се нагласува дека УНИЦЕФ и Светската програма за храна имаат потреба од фонд од вкупно 450 милиони долари за да се задоволат основните средства за живот во земјата, додавајќи дека ОН со помош на овој фонд ќе снабди со храна и вода илјадници луѓе во земјата погодена од суша.
Од друга страна, портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Булирак, на прес-конференцијата одржана во Канцеларијата на ОН во Женева истакна дека постои опасност од глад за 994.000 деца поради сушата во Сомалија, додека за да се спасат животите на 185.000 од нив, потребна е итна хуманитарна помош.
Булирак информираше дека оваа суша влијае и врз образованието во државата, како и дека 3 милиони деца се лишени од образование.