Bayram Altuğ
17 Февруари 2017•Ажурирај: 18 Февруари 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународниот фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека на милион деца во источниот дел на Украина им е потребна итна хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Булирак соопшти дека поради судирите во источниот дел на земјата се раселени 1,7 милиони лица и дека многу семејства останале без извор на приходи.
Булирак истакна дека за време на судирите на руските сепаратисти и владините сили, нанесена е штета на 740 училишта и ги повика страните да го почитуваат договорот од Минск во Белорусија.
Тој предупреди дека кршењето на примирјето ги загрозува децата, физички и психички.
Тој додаде дека бројот на деца во однос на минатата година е зголемен за 420.000.
Портпаролот изјави дека на УНИЦЕФ му е потребен фонд од 31,3 милиони долари за образование, здравство, пивка вода...
Судирите со руските сепаратисти во регионот Донбас, во источниот дел на Украина се случуваат од 2014 година.
Обединетите нации (ОН) соопштија дека од почетокот на судирите во Донбас, до денес загинале околу 10.000 лица, а 23.000 се ранети.