Islam Uddin
10 Октомври 2023•Ажурирај: 11 Октомври 2023
ИСЛАМАБАД (АА) - Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денес истакна дека земјотресот што го погоди Авганистан во саботата бил разорен и побара поддршка за земјата разурната од војна, јавува Анадолу.
„Со растот на потребите на погодените од земјотресот, УНХЦР и партнерите се на терен обезбедувајќи помош“, соопшти УНХЦР преку платформата Х.
Вчера УНХЦР објави дека потребите се огромни и дека на терен делат шатори, и други основни продукти за настраданото население.
Тимови од други организации на Обединетите нации (ОН), меѓу кои и Светската здравствена организација и Светската програма за храна, пристигнаа во погодените области за да им помогнат на семејствата на жртвите.
„Моите молитви се со луѓето од Херат по земјотресот во Западен Авганистан. Од посетата на почетокот на оваа година се сеќавам на издржливиот дух и храброста на жените. Сметаме на меѓународната заедница за поддршка и солидарност“, рече Амина Џеј Мухамед, заменик-генералната секретарка на ОН.
Според податоците на ОН, најмалку 11.585 луѓе се погодени од силниот земјотрес што се случи во авганистанската провинција Херат, на кои им се обезбедуваат медицински услуги, засолниште, храна, вода.
Авганистанското Министерство за управување со катастрофи објави дека бројот на загинати и повредени во земјотресот надминал 4.000.
Мула Џанан Саик, портпарол на Министерството за управување со катастрофи, рече дека околу 2.000 куќи се уништени во 20 села во областите Зинда Јан и Гориан.
Тој истакна дека Министерството прави напори да го собере точниот број на загинати и повредени, додека спасувачите се обидуваат да ги извлечат луѓето затрупани под урнатините.
Тој ја повика меѓународната заедница да му помогне на Кабул во справувањето со штетите предизвикани од земјотресот.
Во саботата земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала погоди две области во северозападната провинција Херат во близина на границата со Иран.