Safiye Karabacak
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
САНА (АА) - Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека во Јемен, каде што продолжува граѓанската војна, 7,3 милиони луѓе имаат потреба од засолниште поради влошените услови за живот и зголемените економски тешкотии, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението споделено на твитер-профилот на УНХЦР се нагласува дека потребата од засолниште во Јемен го достигнала својот врв како резултат на Граѓанската војна што трае околу 7 години.
„7,3 милиони Јеменци имаат потреба од засолниште и помош од храна. 75 отсто од нив се жени и деца“, се наведува во соопштението.
УНХЦР ја сподели и информацијата дека денеска во главниот град Сана е отворена изложба со цел да се пронајде решение за зголемената потреба за домување во Јемен.
Хусите во Јемен, поддржани од Иран, го контролираат главниот град Сана и некои региони од септември 2014 година. Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите од март 2015 година.