Riyaz Khaliq Khaliq
10 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонскиот Парламент денеска го реизбра Фумио Кишида за премиер откако неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) победи на општите избори во државата минатиот месец, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кишида, кој е воедно и лидер на Либерално-демократската партија, беше избран за 100-ти премиер на Јапонија, на 4 октомври, пред свикувањето на општите избори.
Во Претставничкиот дом на јапонскиот Парламент вчера е свикана специјална седница за реизбор на Кишида, објави „Кјодо њуз“.
ЛДП е поддржана од помалиот коалициски партнер Комеито во Парламентот.
„Во краток временски период, Владата брзо ги реализира политиките“, рече главниот секретар на Кабинетот, Хироказу Мацуно.
Коалиционите партнери се согласија да дадат средства и ваучери во вредност од по 886 долари на сите деца на возраст од 18 години и помлади, поради ослабената економија во Јапонија како последица на пандемијата на Ковид-19.