Ekipa
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, ги осуди пријавените напади врз пристаниште во украинскиот црноморски град Одеса, соопштија денес ОН, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фархан Хак, заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, ги нагласи „јасните обврски“ преземени од сите страни во однос на украинскиот извоз на жито.
„Овие производи се очајно потребни за решавање на глобалната криза со храна и да се олесни страдањето на милиони луѓе кои имаат потреба низ целиот свет“, се наведува во соопштението.
Во присуство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар Антонио Гутереш, во вчера во Истанбул беше потпишан договор за извоз на украинското жито меѓу Украина, Русија, Туркије и ОН.
„Целосната имплементација од страна на Руската Федерација, Украина и Туркије е императив“, се порачува од ОН.
Над 5.110 цивили загинаа во Украина од почетокот на војната на 24 февруари, покажуваат податоците на ОН.
Најмалку 16 милиони луѓе во Украина ги напуштиле своите домови и побарале побезбедно засолниште, а околу 9,2 милиони пребегале во други земји.