Haydar Şahin
23 Јули 2022•Ажурирај: 24 Јули 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 20 лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поројните поплави предизвикани од обилните врнежи на дожд во јужната иранска покраина Фарс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави новинската агенција ИРНА, Халил Абдулахи, шефот на покраинскиот Оддел за управување со кризи, истакнал дека обилните дождови во близина на селото Солтан Шахбаз близу градот Естахбан довеле до поплавување од браната „Родбал“.
Шефот на Црвената полумесечина на покраината, Хусеин Дервиши, рече дека активностите за пребарување и спасување се во тек на терен со 22 тима и 125 лица.
„Најмалку 51 домаќинство се погодени од поплавите, а до нив ќе биде доставена помош“, додаде тој.