Dmitri Chirciu
23 Јули 2022•Ажурирај: 25 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Министерството за инфраструктура на Украина соопшти дека пристаништата во Черноморск, Одеса и Јужниј ќе бидат оперативни во рок од две недели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека првите бродови би можеле да тргнат од пристаништата во Черноморск, Одеса и Јужниј, што ќе се користат за извоз на жито, во рок од четири дена.
Се додава дека наведените пристаништа целосно ќе бидат оперативни во рок од две недели.
„Спремни сме утре да испратиме делегација за формирање на координативен центар во Истанбул. Се надеваме дека другите страни се спремни да го направат тоа брзо. Кога ќе се креира центарот, ќе можеме да го отвориме првото пристаниште“, се наведува во соопштението.