Ekipa
11 Мај 2018•Ажурирај: 12 Мај 2018
БЕЈРУТ (АА) - Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), побара итно запирање на сите непријателски активности со цел да се избегне „ново жариште“ на Блискиот Исток, откако израелските сили ги бомбардираа иранските позиции во Сирија, jaвува Anadolu Agency (AA).
Израел вели дека нападите биле одговор на иранскиот ракетен напад кон нивните позиции во Голанската Висорамнина и го повика Советот за безбедност на ОН и генералниот секретар веднаш да ги осудат постапките на Иран.
Шансите се мали дека Советот за безбедност, кој е длабоко поделен кога станува збор за конфликтот во Сирија, ќе издаде соопштение за медиумите, а утринава ниту еден член на Советот не побарал вонредна седница.
Израел и Иран долго време се бореа преку своите претставници, а новата размена на непријателства испрати предупредување дека конфликтот меѓу двете земји би можел брзо да ескалира.