Şerife Çetin
19 Ноември 2023•Ажурирај: 20 Ноември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека ужасни слики се видени во Газа, каде повторно се убиваат деца и цивили во училиште во кое се засолниле и порачаа дека „масакрот и угнетувањето мораат да запрат“, известува Анадолу.
Кетрин Расел, извршната директорка на Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), на социјалните мрежи објави порака по израелското бомбардирање на училиштето на ОН во Газа, во кое се засолнети раселените Палестинци.
Расел во пораката нагласи дека оваа ноќна мора за децата мора да запре.
„Гледаме ужасни слики на повторно убивање на деца и цивили во училиште во кое се засолниле во Газа“, рече Расел, истакнувајќи дека „масакрот и угнетувањето мораат да запрат“.
Повеќе лица загинаа и се повредени во израелското бомбардирање на училиштето на ОН во Газа.
Претставници на здравствените служби наведоа дека израелската војска го бомбардирала училиштето Ал Факура, кое делува во рамките на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот исток (УНРВА), во бегалскиот камп Цабалија, во северниот дел на Појасот Газа.