Burak Bir
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, е загрижен поради неодамнешната изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за планот со анексија под израелски суверенитет да ја стави Јорданската Долина и други делови на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар е загрижен за намерата на Нетанјаху ако победи на претстојните избори да ги анектира Јорданската Долина и северниот дел на Мртвото Море како прв чекор на наметнувањето на израелскиот суверенитет над сите еврејски и други населби на Западниот Брег“, рече гласноговорникот на ОН, Стефан Дужарик.
Дужарик понатаму порача дека спроведувањето на предизборното ветување на Нетанјаху претставува грубо кршење на меѓународното право за потенцијални преговори кои треба да водат кон посакуваниот мир на Блискиот Исток.
„Израелско-палестинскиот конфликт треба да се решава врз база на резолуциите на ОН и врз идејата за воспоставување две независни држави“, порача Дужарик.
Нетанјаху, во рамките на предизборната кампања во вторникот вети дека ќе прогласи анексија и ќе наметне израелски суверенитет над Јорданската Долина и над сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег.
Од Арапската лига порачаа дека таквите планови во целост ги блокираат сите патишта за постигнување договор со Палестинците.
Јорданската Долина е плодна котлина која зезема четвртина од територијата на Западниот Брег и во која живеат околу 70.000 Палестинци и 9.500 еврејски доселеници.
Заканите на Нетанјаху најостро ги осудија Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (OIC), како и голем број држави, меѓу кои и Турција и Шведска.