свет

ОН предупредуваат дека израелската армија користи „смртоносна воена тактика“ на Западниот Брег

- Повикувајќи се на Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања, заменик-портпаролката на ОН, Стефани Тремблеј изјави дека операциите на израелските сили на северот оваа недела вклучувале „воздушни напади и други смртоносни воени тактики“.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 09.11.2024 - Обновена : 09.11.2024
ОН предупредуваат дека израелската армија користи „смртоносна воена тактика“ на Западниот Брег

ХАМИЛТОН (АА) - Обединетите нации (ОН) објавија дека дошло од ескалација на акциите на израелската армија на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека нападите „ги надминуваат нормите за спроведување на законот“, известува Анадолу.

Цитирајќи ја Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања (OCHA), заменик-портпаролката на ОН Стефани Тремблеј на прес-конференција рече дека операциите на израелските сили на северор оваа недела вклучувале „воздушни напади и други смртоносни воени тактики“.

„Според првичните информации, осум Палестинци се убиени, а четворица се ранети за време на израелските операции во вторникот во Џенин, Тубас и Тулкарм“, додаде Тремблеј.

Таа истакна дека од 29 октомври до 4 ноември израелските доселеници извршиле 35 напади врз Палестинци предизвикувајќи жртви или материјална штета, вклучително и уништување маслинови дрвја.

Израелската војска спроведува редовни рации на Западниот Брег последниве години, кои ескалираа со почетокот на израелската офанзива врз Појасот Газа на 7 октомври 2023 година. Палестинците ги напаѓаат и нелегалните израелски доселеници.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, најмалку 780 Палестинци се убиени, а повеќе од 6.300 се ранети од истрели на израелската армија на окупираната територија од октомври минатата година.

Ескалацијата уследи по мислењето на Меѓународниот суд на правдата, кој во јули ја прогласи за нелегална повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın