Lokman İlhan
25 Јули 2017•Ажурирај: 27 Јули 2017
БОГОТА (АА) - Во Богота, главниот град на Колумбија, во еден ден може да бидат ограбени 75 луѓе, велат податоците на организацијата „Комо Вамос“, која има направено истражување во 14 колумбиски градови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот, во кој се опфатени 74 латиноамерикански градови, во текот на еден час, три лица во овој град се цел на крадците.
Во Богота, минатата година се евидентирани 40.638 кражби, а од тој број, 27.204 се однесуваат на кражба и изнудување пари под закана на улица.
Статистиката вели дека секој ден на улиците во Богота, 75 луѓе се цел на крадците.
Според извештајот, во 23 отсто од случаите се работи за кражба под закана со нож, 12 проценти се кражба под закана со оружје, а 14 отсто се кражби под закана со други предмети.
Од кражбите, седум отсто се однесуваат на кражба на велосипеди, а во 35 отсто од случаите се работи за кражба на мобилни телефони.
Минатата година во Богота се регистрирани и 3.435 кражби во куќи, 2.634 кражби на автомобили и мотори 3.078.
Во главниот град на Колумбија, кој има повеќе од осум милиони жители, минатата година се пријавени повеќе од 4.000 случаи на сексуално насилство.