свет

ОН: Јеменските мировни преговори се бавни, но траат

„Во преговорите, многу бавно, но остварен е одреден напредок. Ние сакаме да напредуваме, но исто така не сакаме да ги избрзуваме нештата бидејќи станува збор за важни прашања кои треба внимателно и опсежно да се решаваат”

Zekeriyya el-Kemali, Gülşen Topçu  | 15.05.2016 - Обновена : 16.05.2016
ОН: Јеменските мировни преговори се бавни, но траат

Kuvajt

КУВАЈТ (АА) - Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Јемен Исмаил Оулд Шеик Ахмет, изјави дека и понатаму има застој во процесот на мировни преговори во Кувајт, помеѓу спротивставените страни од Јемен, но дека има и одреден напредок во тој процес, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во преговорите, многу бавно, но остварен е одреден напредок. Ние сакаме да напредуваме, но исто така не сакаме да ги избрзуваме нештата бидејќи станува збор за важни прашања кои треба внимателно и опсежно да се решаваат”, се наведува во пишаното соопштение на пратеникот Ахмед, кое беше објавено по синоќешните преговори во Кувајт, на кои се разговараше за безбедносната ситуација и политичката иднина на Јемен.

Судирите помеѓу шиитското бунтовничко движење на Хусите, поддржано од страна на силите лојални на јеменскиот претседател Али Абдула Салех и силите лојални на меѓународно признатата влада на претседателот Абду Рабух Мансур, ескалираа кон крајот на 2014 година кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана. Во март минатата година коалицијата предводена од Саудиска Арабија започна со воздушни напади на позициите на бунтовниците, со цел да го поддржи претседателот Мансур.

Со цел решавање на јеменската криза, спротивставените јеменски страни на 11-ти април под покровителство на ОН се договорија за воспоставување на примирје а на 21-ви април ги започнаа мировните прговори во Кувајт.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.