Kübra Chohan
14 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега, во сирискиот пограничен регион Африн неутрализираа вкупно 3.444 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека продолжува операцијата против терористичката организација ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
„До денеска во операцијата Маслинова гранка се неутрализирани вкупно 3.444 терористи“, се наведува во соопштението.
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера во Анкара рече дека турските сили во Африн немаат окупаторски аспирации, туку се одлучни да ги неутрализираат терористите и територијата да им го вратат во рацете на локалното население.
Ердоган порача дека турските сили операцијата ја спроведуват со приоритет за заштита на цивилното население во Африн.
„Цивилите никогаш не биле, ниту ќе бидат наша цел, бидејќи да беа, Африн одамна ќе беше под наша контрола“, изјави претседателот Ердоган.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.