Adham Kako,Eşref Musa
11 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
АФРИН / ИСТАНБУЛ (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната војска на Сирија (ФСА), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија пет села во Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од новинарите на АА во регионот, Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија, од терористите ги ослободија селата Кара Тепе и Кастел Кечик кои се наоѓаат во подрачјето на Шеран, северозападно од Африн, селата Халидије и Џулбул во Африн, како и селото Кане Кауер во Џендерес.
ТВС, поддржани од Слободната војска на Сирија, од почетокот на операцијата досега, од окупацијата на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија 176 точки, од кои 5 центри на подрачја, 140 села, 31 критична стратешка точка.
Одбранбените позиции и линии на ЈПГ/ПКК се наоѓаат во центарот на областа Африн. Терористичката организација, со цел цивилите да ги користи како човечки штит, со присила, го пренасочуваат населението кон центарот на градот и не му дозволуваат на арапското и курдско население да замине од центарот во подрачјата кои се под контрола на режимот на Башар ал-Асад или подрачјата контролирани од воената опозиција. Притворањето на цивилите предизвикува големи реакции од страна на Обединетите нации (ОН).