Ekip
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
АФРИН/АНКАРА (АА) - Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК, поточно водечките имиња задолжени за областите за правда и внатрешни работи, го напуштија Африн во обид да побегнат од терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од доверливи извори во Африн, Африн го напуштил припадник на терористичката организација по име Саид Исмет Губар, задолжен за „министерството за правда“.
Губар, по напуштањето, преминал во регионот Набул, кој наводно е под контрола на режимот на Асад, но всушност го контролираат групи блиски на Иран. Во тек се преговорите околу неговото враќање.
Друг припадник на терористичката организација кој го напушти Африн е „министерот за внатрешни работи“, по име Хасан Бајрам. Но, Бајрам на границата со регионот Зијаре, го запреле припадниците на ЈПГ/ПКК, и го спречиле во бегство. Кај Бајрам е пронајдена голема сума на пари.
Центарот на Африн, околу кој во рамките на операцијата „Маслинова гранка", овие денови се повеќе се стега обрачот, го напуштија голем број на водечки имиња на таа терористичка организација.