Ekip
10 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 15 припадници на безбедносните сили се убиени во напад од страна на талибанците во западната авганистанска провинција Фарах, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на покраинскиот совет на Фарах, изјави дека меѓу 15 загинати безбедносни елементи, седуммина се војни командоси, а осуммина се полицајци.
Во неговата изјава тој наведе дека исчезнале уште тројца припадници на безбедносните сили и дека во борбите загинале и 30 милитанти.
Портпаролот на талибанците, Забихула Муџаид ја презеде одговорноста за нападот.