Adam Abu Bashal
09 Април 2019•Ажурирај: 09 Април 2019
АБУЏА (АА) - Дваесет лица го загубија својот живот во оружениот напад извршен во централниот дел на западноафриканската земја Нигерија, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според вестите на локалните медиуми, оружени лица со воени униформи отвориле оган во селото Унгван во нигериската сојузна држава Кадуна.
Се вели дека во нападот смртно настрадале 20 лица, додека голем број лица биле повредени. Жителите на ова село од страв ги напуштија своите домови.
Инаку, во оружените напади извршени во февруари во Кадуна, загинаа најмалку 95 лица.